Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Европа ќе се откаже од американскиот долар во плаќањата за иранската нафта

Време: 14:43

Датум: мај 16, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Европската унија планира плаќањата за купување нафта од Иран да ги врши во евра со што ги елиминира трансакциите во американски долари, изјави дипломатски извор за РИА Новости.

Брисел е во судир со Вашингтон поради повлекувањето на САД од нуклеариот договор со Иран кој беше постигнат за време на администрацијата на Барак Обама. Претседателот Доналд Трамп се заложи за повторно наметнување на санкциите против Исламската Република.

“Дојдов до информации дека ЕУ ќе се префрли од долари во евра за плаќање на суровата нафта од Иран”, изјави изворот за агенцијата.

Претходно неделава, шефицата на ЕУ за надворешна политика , Федерика Могерини, рече дека министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Германија и на Иран се согласиле во следните неколку неделида изготват практични решенија како одговор на потегот на Вашингтон . Наводно, европскиот блок планира да ги одржи и да ги продлабочи економските врски со Иран, вклучително и во областа на нафтата и гасот. Могерини истакна дека страните треба заеднички да работат на укинување на санкциите како интегрален дел од историскиот нуклеарен договор.

„ Не сме наивни и знаеме дека ќе биде тешко за сите страни,“ изјави таа.

Иранскиот нуклеарен договорбеше потпишан пред три години во Виена меѓу Техеран и групата П5 + 1 (Кина, Франција, Русија, Велика Британија, САД, плус Германија). Со договорот се укинаа неколкудецениски меѓународни санкции во замена за прекинување на контроверзната нуклеарна програма на Иран. На 16 јануари 2016 година, страните на договорот го објавија почетокот на неговото спроведување. Укинувањето на меѓународните санкции за прв пат по речиси четири деценииму овозможи на Иран пристап до светските пазари . Оттогаш Техеран успеа значително да го зголеми својот извоз на сурова нафта.

Иранската економија ќе биде подготвена ако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го напушти нуклеарниот договор посредуван во 2015 година, велат од Централната банка на земјата. Меѓутоа, нафтата е поврзана со американскиот долар на меѓународните пазари што им отежнува на иранските партнери да вршат исплати за суровата нафта и нивно префрлање на Техеран.

Бидејќи доларот ја игра водечката улога на меѓународните финансиски пазари, повторното наметнување санкции би значело исклучување на Иран од глобалниот финансиски систем. Со тоа ќе ѝ се наштети на иранската економија, а европските фирми ќе изгубат огромен пазар на Блискиот Исток. Преминувањето во алтернативни валути за исплата им овозможува на двете страни да продолжат со тргување и покрај санкциите на САД.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Анализа: блокирани сметки – граѓаните се потешко ги враќаат кредитите

    Анализа: блокирани сметки – граѓаните се потешко ги враќаат кредитите

    Просечниот Македонец на банките им должи 1.169 евра. Народната Банка анализира дека домаќинствата се потешко ги отплаќаат кредитите, но истовремено има благо намалување на бројот…

  • НБРМ ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени

    НБРМ ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени

    На 14 август 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани клучните показатели за домашната…

  • УЈП нема да ги користи податоците за висина на износ на трансакциска сметка и динамика на потрошувачка

    УЈП нема да ги користи податоците за висина на износ на трансакциска сметка и динамика на потрошувачка

    За претпополнетата годишна даночна пријава апсолутно е ирелевантно да користиме податоци за висина на износ на трансакциска сметка, начин на користење, состојба на сметка и…

  • НБС: Кризата во Турција нема да се прелеe во нашата земја

    НБС: Кризата во Турција нема да се прелеe во нашата земја

    Кризата во Турција поради падот на вредноста на турската лира не може никако да влијае на финансиската стабилност на Србија, рече денеска генералниот директор на…

  • Ни воздухот веќе не е бесплатен – Русите ги очекува плаќање еколошки данок

    Ни воздухот веќе не е бесплатен – Русите ги очекува плаќање еколошки данок

    Министерството за финансии на Руската Федерација предлага воведување еколошки данок со цел да се замени сегашниот надоместок за негативното влијание врз животната средина. Предложени се…

  • Заборавените детски игри ќе оживеат во паркот „Капиштец“

    Заборавените детски игри ќе оживеат во паркот „Капиштец“

    Детските игри, како криенка, плочка, граница, ластик, џамлии, сервис, беа главна забава за време на летниот распуст. Но, веќе со години не е така. Нивното…

  • Дневните весници во Германија губат читатели

    Дневните весници во Германија губат читатели

    Печатените дневни весници во Германија дневно ги читаат речиси 40 милиони луѓе, што е 1,3 милион помалку отколку во истиот период минатата година, соопштија од…

  • Македонецот годишно јаде под килограм сладолед, во ЕУ шест

    Македонецот годишно јаде под килограм сладолед, во ЕУ шест

    Еден македонски граѓанин годишно консумира околу 0,85 килограми сладолед. Статистиката покажува дека во минатата година едно домаќинство во Македонија просечно купувало и трошело по 3,4…

  • Еднократна парична помош за првачињата во Општина Аеродром

    Еднократна парична помош за првачињата во Општина Аеродром

    Општина Аеродром од оваа година ќе почне со доделување на еднократна парична помош од 3.500 денари на првоодделенчињата запишани во основните училишта на нејзината територија.…

  • Нов Зеланд им забрани на странците да купуваат куќи и станови

    Нов Зеланд им забрани на странците да купуваат куќи и станови

    Нов Зеланд усвои закон со кој на странците им се оневозможува да купуваат куќи и станови во земјата која се обидува да го сузбие растот…