20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов раст на невработеноста во Грција

Нов раст на невработеноста во Грција

office-people-queue-employment.si

Невработеноста во Грција и натаму поставува нови рекорди и во март забележа пораст од 26,8 отсто, соопшти грчкиот Завод за статистика.

Според податоците на Заводот, во март без работа останале околу 1,3 милиони лица.

Од месечните статистички податоци се исклучени сезонските фактори, како што е растот на вработеноста во текот на летните месеци и туристичката сезона.

Невработеноста меѓу младите и натаму е мошне висока, иако има некои индикатори за стабилизација. Во март без работа останале 58,3 отсто од младите од 15 до 24 години, во однос на 63,8 во февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП