26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПрекувремено работење, мала плата, ужасна работна атмосфера, познато? (видео)

Прекувремено работење, мала плата, ужасна работна атмосфера, познато? (видео)

Преголемите очекувања на компаниите и претпоставените се најголема причина за стрес. Прочитајте како да избегате од наметнувања кои ви создаваат нервоза напнатост и тензија, а сепак да го направите тоа на фин, културен и пристоен начин и да ја избегнете можноста од отказ.

Никако не дозволувајте да ве вовлечат во „да“ машината!

Кога еднаш ќе кажете „да“ после тоа треба да бидете многу внимателни. Не дозволувајте да бидете наивни и избегнувајте да им излегувате во пресрет на сите.

Наместо тоа предложете алтернатива

Доколку вашиот колега е на боледување, а работата која мора да се заврши ви ја даваат вас, не кажувајте „не“, туку на вашиот претпоставен предложете му да ви донесе колега кој ќе ви помогне.

Проценувајте ја вредноста на работата

Доколку воочите дека дополнителната работа не ви помага да научите нешто ново или да заработите повеќе, отворено откажете се од таквата активност која залудно ќе ви го потроши скапоценото време.

Грижете се повеќе за себе

Приметувате дека сте под голем притисок, па дури и стресот влијае врз вашиот приватен живот, застанете и размислете дали сте поважни вие или другите.

Проверувајте го распоредот

Дури и да ви се платени прекувремените часови, размислете подобро која обврска треба да ја тргнете од распоредот, дали вреди и дали ќе можете психички и физички да издржите дополнителни работни часови.

Во продолжение погледнете неколку совети за тоа како да не испаднете наивен и слаб, а сепак да останете љубезен:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП