26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако изгледа „пик-ап“-от на Mercedes по третманот од Brabus? (фото+видео)

Како изгледа „пик-ап“-от на Mercedes по третманот од Brabus? (фото+видео)

Познатата германска тјунерска компанија го надгради моделот „Mrecedes X Сlasѕ“. Покрај дизајнот на возилото, подобрени се и погонските единици.

„Brabus“ изврши низа естетски интервенции на надворешноста, вклучувајќи вградување на специјални 20 инчни алуминиумски бандажи и дополнителни стилски елементи.

Променет е изгледот на маската на ладилникот и предниот браник, кој доби нов заштитен детал на својот долен дел.

На покривот се наоѓаат два „LED“ рефлектори, а позади два пара хромирани издувни цевки со кружен пресек.

Во понудата е и модификација на внатрешноста на возилото, вклучувајќи украсни елементи од нерѓосувачки челик или алуминиум и навлаки од кожа или Алкантара.

Промените под хаубата не се толку драматични, колку би можело да се очекува од „Brabus“.

Па така „Mercedes 250d“ во верзијата „Brabus“ доби дополнителни 20 ks и 60 Nm, па сега располага со 210 ks и 510 Nm.

Како резултат на подобрувањето, 2.3-литарскиот турбо-дизел мотор од 0 до 100 km/h стигнува за 11,5 секунди.

За оние кои не се задоволни со овие перформанси, „Brabus“ најави дека е во подготовка и модификација на верзијата „350d“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП