9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите ќе се збогуваат од американскиот помфрит?!

Русите ќе се збогуваат од американскиот помфрит?!

Русија размислува за забрана на увоз на помфрит од САД  и другите земји од Западот кои воведоа санкции против Москва.

„Во 2017-та оваа држава увезе 94% помфрит, но почна да купува неопходна опрема за производство на локално ниво“, изјави рускиот претседател на Националната унија за хортикултура Сергеј Колев.

Новата опрема ќе овозможи производство на околу 110.000 тони на годишно ниво, додаде тој.

„Со воведување на ограничено снабдување со замрзнат помфрит, според ЕУ не само што ќе им помогне на домашните производители на домашен компир, туку и ќе придонесе за зацврстување на работните места кај можните новонастанати фирми за преработка, а со тоа ќе се зголеми сигурноста и квалитетот на производите“, рече Королев.

Имено, првата фабрика за производство на помфрит е отворена во април. Се очекува домашното производство да го замени увезениот помфрит и во целост да ги задоволи потребите на земјата.

Русија, во април ќе одлучи како да одговори на новите американски санкции. Дури, постои можност да биде укинат и увозот на други американски производи, како што се лековите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП