19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција е оптимист во врска со консензусот за буџетот на еврозоната до...

Франција е оптимист во врска со консензусот за буџетот на еврозоната до јуни

Франција е оптимист дека може да постигне договор со Германија за предлозите за буџетот на еврозоната и другите планови за реформи до јуни, откако министерот за финансии Бруно Ле Мер изјави дека ќе биде „неодговорно“ разговорите повеќе да бидат одложени.

Откако дојде на власт пред една година, францускиот претседател Емануел Макрон ја направи реформата во еврозоната приоритет, но неговата способност да го исполни ветувањето зависи од постигнувањето на договор со Германија за најдобриот пат напред и убедувањето на остатокот од еврозоната да ги поддржи неговите идеи.

„Еврозоната не може да ги издржи економските разлики меѓу земјите-членки. Таа нема да остане заедно“, изјави Бруно Ле Мер за новинарите.

„Ќе биде неодговорно да чекаме подолго. Историјата ќе ни суди сурово“, рече министерот.

Советник на претседателот Емануел Макрон потврди за потребата од француско-германски договор и рече дека е оптимист дека Берлин и Париз ќе имаат заедничка рамка која ќе се претстави на другите лидери на еврозоната пред самитот во Брисел на 28-29-ти јуни.

Кога за прв пат ги претстави своите идеи за реформи, Макрон зборуваше за создавање на посебен буџет за 19-те земји со единствена валута, назначувањето на заеднички министер за финансии и трансформирање на фондот за итна помош на блокот во нешто блиско до европскиот паричен фонд.

Германскиот канцелар Ангела Меркел го пофали Макрон за неговите идеи, но не се согласи со некои од нив, особено со оние кои можат да доведат до преземање на поголем ризик од Германија.

Во говорот во Германија минатата недела Макрон ја повика Меркел да го остави својот „фетиш“ за фискален конзерватизам кој според неговите зборови, му стои на патот на напредокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП