20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDS има конкурент на BMW Series 5 и Audi A6 

DS има конкурент на BMW Series 5 и Audi A6 

Францускиот премиум бренд „DS Automobiles“, кој е под контрола на групата „РЅА“, се подготвува за претставувањето на новиот предводник. Автомобилот, најверојатно, ќе се појави во 2020-та година по повод 65-годишнината од оригиналниот „Citroen DS“, вели „Auto Express“.

Еден извор од компанијата изјави дека моделот ќе се вика „DS 8“. Тој на пазарот ќе стане конкурент на „BMW Series 5“ и „Audi A6“. Раководството на францускиот бренд веќе има идеја за изгледот на автомобилот и верува дека ќе изгледа „шокантно“, вели изворот.

Може да очекуваме моделот да ги комбинира карактеристиките на кросоверот „DS 7 Crossback“ и прототипот „Citroen Numero 9“. Од концептот тој ќе ја земе формата на „Fistbak“. Предводникот на „DS“ ќе ја користи модуларната шасија „EMP2“ на која се изградени најновите модели на „Peugeot“. Тој ќе добие „PureTech“ бензински мотори и „BlueHDi“ дизел. Покрај тоа, може да се појави и хибридна модификација со „E-Tense“ технологијата од „DS 7 Crossback“.

Во моментов гамата на модели на францускиот бренд е предводена од кросоверот „DS 7 Crossback“. Автомобилот нуди избор од 6 бензински и дизел мотори со моќност од 130 до 230 коњи. Освен тоа има и варијанта со хибриден систем со моќност од 300 КС, кој се состои од бензински мотор кој развива 200 „коњи“ и два 80-киловатни електромотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП