Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

РСБСП: Не си фраер ако загинеш на матура

Време: 11:05

Датум: мај 16, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

„Не си фраер ако загинеш на матура“ – ова е пораката што секоја година Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја упатува до сите матуранти.  

Славењето на матурата е посебно важна за секој матурант, за неговото семејство, за неговите најблиски. Иако, според убедувањата на многумина, последниве години, на овој настан му се придава и поголемо значење отколку што тоа треба да биде, сепак факт е дека од секогаш овој настан предизвикувал посебна возбуда кај матурантите и нивните најблиски.

Важноста на настанот, повеќе или помалку, никој не ја оспорува. Она што посебно загрижува е начинот на кој се прославуваат матурските вечери: се организираат автомобилски трки по улиците и на патиштата, се управува моторно возило без возачка дозвола, се управува моторно возило под дејство на алкохол, се беснее по улиците, се прават фотографии и се постираат „луди Фејсбук статуси“ додека се управува со возилото. Ова, дефинитивно не е вистинскиот начин да се демонстрира матурата на дело.

Сообраќајната статистика и искуствата на сообраќајната полиција од минатите години, покажуваат дека во деновите кога се организираат матурските прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во незгодите се млади луѓе – матуранти, кои најчесто во незгодите завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот млад живот.

Одговорноста за ваквата појава првенствено е кај младите, но и кај нивните родители. Одговорноста на родителите за однесувањето на нивните деца во вечерните часови додека траат матурските прослави е најголема. Во тие мигови, младите неретко се одлучуваат да седнат зад воланот, а сѐ уште да немаат возачка дозвола. Си дозволуваат веселиот амбиент и изобилството алкохол да ги извадат на површина вишокот енергија и желбата за докажување, а покачениот адреналин да ги наведе на брзо и агресивно возење. За да се спречи трендот на зголемено девијантно однесување на младите во сообраќајот, родителите треба да преземат воспитни мерки кон своите деца, односно преку разговор и позитивен личен пример да им укажат на децата за последиците од неодговорното учество во сообраќајот.

Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека сообраќајните незгоди претставуваат една од водечките причини за смртност кај младите луѓе. Годишно, во светот, околу 400000 млади луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди. Тоа значи, секој ден околу 1100 млади лица го губат животот во сообраќајни незгоди.

Во Република Македонија, според податоците за 2017 година, вкупниот број загинати лица во сообраќајни незгоди е 155, од нив, 36 се на возраст до 24 години, а околу 2.100 лица, исто на возраст до 24 години, настрадале, односно се повредени во сообраќајни незгоди.

РСБСП упатува апел до матурантите да не управуваат моторно возило за време на матурските прослави бидејќи на тој начин го загрозуваат сопствениот живот, но и животот и здравјето на останатите учесници во сообраќајот.

РСБСП упатува апел и до родителите да покажат повисоко ниво на свест и поголема општествена одговорност со тоа што нема да им дозволат на своите деца да одат на матурската прослава со семејниот автомобил, ниту да дозволат да бидат возени од друг матурант. Со тоа ќе спречат животот, здравјето и иднината на нивните најмили да бидат загрозени и доведени во прашање. Само една грешка и еден момент на невнимание може да биде фатален, а последиците ненадоместливи.

Апелот на РСБСП е: Без автомобил за безбедни и весели матурски прослави! Не дозволувајте моментите за славење да се претворат во трагедија. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и возете одговорно.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Концесионерот на „Македонско село“ ќе ја плати гаранцијата од 43.000 евра и кирија за наредните шест месеци

    Концесионерот на „Македонско село“ ќе ја плати гаранцијата од 43.000 евра и кирија за наредните шест месеци

    На Концесионерот на „Македонско село“ за еднострано раскинување на договорот ќе му биде активирана гаранцијата за квалитетно извршување на договорот во износ од околу 43…

  • На продажба конфискувани биткоини во вредност од 4,3 милиони долари

    На продажба конфискувани биткоини во вредност од 4,3 милиони долари

    Следниот месец, биткони вредни 4,3 милиони американски долари ќе бидат на аукција од страна на американската Маршалска служба. Властите наведува во соопштението дека криптовалутата која…

  • Министерствата и општините имаат 2.645 возила, најскапите се во МНР, МВР и финансии

    Министерствата и општините имаат 2.645 возила, најскапите се во МНР, МВР и финансии

    Министерствата и општините имаат 2.645 автомобили. Министерствата имаат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, додека општините имаат 430 возила во вредност од 5,7 милиони евра.…

  • Почнуваат првите средби со земјоделците за консолидација на земјиштето

    Почнуваат првите средби со земјоделците за консолидација на земјиштето

    Утре почнуваат средбите со земјоделците во Царев Двор, Спанчево, Соколарци, Логоварди и Оптичари кои треба да го консолидираат своето обработливо земјиште. Ќе се утврдува дали…

  • Николовски: Ќе се изберат нови 12 локации за окрупнување на земјоделското земјиште

    Николовски: Ќе се изберат нови 12 локации за окрупнување на земјоделското земјиште

    Европската Унија, ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работат заеднички на започнување на првиот циклус на посложени интегрирани проекти за консолидација на земјоделско…

  • Унгарија ги зголеми своите златни резерви за 10 пати

    Унгарија ги зголеми своите златни резерви за 10 пати

    Централната банка на Унгарија ги зголеми своите резерви на злато за 10 пати, објави „Bloomberg“. Ова се случува само еден месец откако Полска го купи…

  • Иновацијата еден од најважните двигатели на економскиот раст

    Иновацијата еден од најважните двигатели на економскиот раст

    Иновацијата е еден од најважните двигатели на економскиот раст во современите економии. Заштитата, пак, на иновациите, односно правата од интелектуална соспственост е исто така услов…

  • Фондот за Западен Балкан одбележува една година постоење со повик за нови проекти

    Фондот за Западен Балкан одбележува една година постоење со повик за нови проекти

    Фондот за Западен Балкан, што првата инклузивна и регионална меѓудржавна организација на Западен Балкан, на 1 ноември ја одбележува својата прва годишнина од отворањето на…

  • Повеќето Европејци веруваат дека животот немаше да биде полош без ЕУ

    Повеќето Европејци веруваат дека животот немаше да биде полош без ЕУ

    Околу две третини од Европејците не се убедени дека животот би бил полош без Европската унија, покажува истражувањето, цитирано од онлајн изданието „Politico“. Анкетата што…

  • Британија, сепак, ја чека подолг транзициски период

    Британија, сепак, ја чека подолг транзициски период

    Извори на британската Влада велат дека ќе има продолжување на транзицискиот период за брегзит за неколку месеци, доколку е потребно. Овој потег, како што велат,…