20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСТО: ЕУ има обезбедено милијарди долари незаконски субвенции за Airbus

СТО: ЕУ има обезбедено милијарди долари незаконски субвенции за Airbus

Светската трговска организација (СТО) донесе одлука дека Европската унија (ЕУ) има платено милијарди долари незаконски субвенции на европскиот конзорциум „Airbus“, соопшти „ВВС“.

Одлуката доаѓа по жалбата на Вашингтон дека европските земји и обезбедиле на компанијата државна помош во износ од 22 милијарди долари, за да биде потпомогнато пуштањето во производство на моделите „A380“ и „A350“.

Од канцеларијата на американскиот трговски претставник соопштија дека одлуката на организацијата отвора патот кон наметнување на царина за европски стоки.

Претходно СТО ја отфрли жалбата на „Airbus“, бидејќи според организацијата компанијата не можела да ја надомести штетата нанесена на нејзиниот американски конкурент „Boeing“. Разгледувањето на обвиненијата, одлуките и жалбите траат веќе 14 години. Европскиот производител има поднесено вакво дело против „Boeing“ за што се очекува одлуката на СТО.

Во врска со случајот, Европската комисија вели дека поголем дел од европската помош, оспорена од САД, е укината во 2011-та година и остануваат само „неколку“ работи за да биде таа во согласност со барањата.

„Денешната конечна одлука испраќа јасен сигнал – непочитувањето на правилата и нелегалните субвенции не се толерираат“, изјави по повод одлуката на СТО главниот извршен директор на „Boeing“, Денис Муленберг. Од своја страна, главниот извршен директор на „Airbus“, Том Ендерс ја опиша одлуката како „само половина од приказната“.

Американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер посочи дека ако ЕУ не преземе мерки, САД ќе треба да одговори. „Освен ако ЕУ конечно не се преземе акција за да се запре кршењето на правилата и штетата врз американските интереси, САД ќе треба да направат чекор напред со контрамерки против европските производи“, рече тој.

Во 90-тите години ЕУ и САД ги набљудуваа договорите за спонзорирање на производителите на авиони, додека САД не го напушташе договорот, по што и двете страни поднесуваат жалби една против друга во 2004-та година.

Оваа одлука веројатно ќе ги засили позициите на САД во трговските преговори со ЕУ за подготвената царина за челикот и алуминиумот, посочува уште „ВВС“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП