26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУНИ Банка ја зголеми добивката за 15,3% за првиот квартал годинава

УНИ Банка ја зголеми добивката за 15,3% за првиот квартал годинава

УНИ Банка за периодот јануари-март 2018 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 62,7 милиони денари, што претставува пораст од 15,3% во однос на минатата година. Главна причина сe нето приходите од камати и нето приходите од провизии и надомести, што постигнаа раст од 15,4% и 20,9% соодветно.

Кредитното портфолио во наведениот период се зголеми за 16,3% и достигна ниво од 11,7 милијарди денари. Депозитната база во истиот период се зголеми за 14,8% и достигна ниво од 13,7 милијарди денари.

Банката продолжува да одржува конзервативна политика во управувањето на кредитниот ризик , што е основна причина за релативно ниското ниво на лоши пласмани и резервации во кредитното портфолио.

Според бизнис планот на банката и во 2018 година Уни Банка планира да продолжи со тенденцијата на зголемување на активата, подобрување на финансиските перформанси и капиталот,  што би ја зајакнало стабилната позиција во македонскиот банкарски систем.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП