Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,872.21 -0.65%    BESK 8,017.33 3.6%    GRNT 748.68 4.56%    KPSS 300.00 -36.31%    MPT 31,000.31 0%    OHB 6,396.66 -0.83%    REPL 62,000.00 0.81%    RMDEN13 96.70 0.73%    RMDEN14 96.10 0.63%    RMDEN16 95.50 0%    RZIN 125.00 4.17%    SBT 1,951.00 -0.61%    SLAV 3,600.00 0%    STB 1,015.50 -0.27%    STBP 1,180.55 5.3%    STIL 130.00 -0.94%    TEL 278.08 2.99%    TNB 12,929.50 -4.14%    TTK 881.96 2.88%    UNI 2,360.00 -0.04%    USJE 23,003.00 -0.63%    ZPKO 2,857.00 0%    

Изјава на Проф. Д-р Ванчо Чифлиганец – Генерален Директор на Адора Инженеринг за инвестирањето во акции во Комерцијална Банка АД Скопје

Време: 17:56

Датум: мај 15, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

„Одлуката за инвестирање во хартии од вредност, конкретно, во акции издадени од нашата реномирана  Комерцијална банка АД Скопје, во рамките на Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје, ја донесовме од деловни причини и со верба дека со тоа ќе го продлабочиме успешното работење на нашата компанија во иднина, но и успешното работење на Комерцијална банка, како еден од столбовите на банкарскиот систем во Македонија, со цел за подобар развој на банката, а со тоа и на нашата економија во целина.

Адора инженеринг како успешна градежна компанија веќе 16 години стопанисува на македонскиот пазар. Во овој период компанијата постигна деловни успеси и преку градежниот сектор-високата градба, ја поттикнуваше и вкупната економска активност во Република Македонија. Тоа нам, како менаџмент ни овозможи да размислуваме за нови деловни предизвици и потфати, да инвестираме и во други дејности, вклучувајќи го и финансиско-банкарскиот сектор, заради натамошен стабилен развој на компанијата. Од овие причини, инвестиравме во акции во КБ АД Скопје, што до овој момент резултира со учество од 7,38 % од основната главнина на банката.

Средствата за овие инвестиции се обезбедени исклучиво од сопствени извори, односно акциите се купени со сопствени средства и во моментов Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје, нема никакви кредитни обврски кон Комерцијална банка АД Скопје, ниту кон било која друга деловна банка.

Со Комерцијална банка развиваме сосема поинаков вид на односи што се во функција на обостран интерес и од интерес на сите клиенти на банката, но кредити од банката не користиме. Сопствените инвестиции во Адора инженеринг, исто така, во овој момент ги обезбедуваме од сопствени средства.

Како и секој акционер во секое акционерско друштво, очекуваме пристоен и стабилен поврат на инвестираните средства, но наша цел не е само остварување финансиска добивка од инвестираните средства, туку како дел од акционерската структура на банката, да дадеме и дополнителен придонес за нејзиниот иден развој, како и за добробит на сите деловни клиенти на банката. Се надеваме дека оваа наша мисија ќе биде успешна и во корист на сите.

Потсетуваме дека според нашите деловни планови и предвидувања, Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје ќе продолжи со идни инвестициски зафати во основната дејност-градежништво, како и во други дејности.

Сметам дека е логично, по 40 години успешна и плодна професионална кариера и по 30 години успешно менаџирање со многу знаење и труд, што влегувам во нови деловни предизвицин во финансискиот сектор“, изјави проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, во врска со инвестирањето во купување акции во Комерцијална банка АД Скопје.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Проблеми за Google: Корисниците на iPhone бараат милијарди долари отштета

    Проблеми за Google: Корисниците на iPhone бараат милијарди долари отштета

    Групата „Google You Owe Us“, која застапува 4,4 милиони корисници на „iPhone“, со тужба од „Google“ бара 4,29 милијарди долари отштета поради неовластеното собирање податоци.…

  • Samsung треба да плати 540 милиони долари на Apple

    Samsung треба да плати 540 милиони долари на Apple

    „Samsung“ ќе треба да плати отштета во износ од 540 милиони долари на „Apple“, откако поротниците едногласно донесоа одлука во корист на американскиот производител во…

  • FT: Barclays размислува за спојување со конкурентни банки

    FT: Barclays размислува за спојување со конкурентни банки

    Британската банка „Barclays“ ги истражува можностите за спојување со еден од нејзините конкуренти, вклучувајќи го и „Standard Chartered“. Ова е објавено од страна на „Financial…

  • Хуманитарната аукција на Капитол мол ги израдува матурантите од СОС Детско село

    Хуманитарната аукција на Капитол мол ги израдува матурантите од СОС Детско село

    Капитол мол изминатиов период беше полн со млади луѓе кои со своите родители го бараа своето омилено парче облека за нивната матурска вечер. Поттикнати од…

  • Црвеното вино My Way 2011 од Бовин прогласено за едно од најдобрите на светот

    Црвеното вино My Way 2011 од Бовин прогласено за едно од најдобрите на светот

    Винаријата Бовин освои златен медал на најважниот американски вински натпревар Избрани квалитетни вина од целиот свет, како и од САД и Канада беа оценувани на…

  • Макпрогрес Виница е првата македонска компанија која ќе произведува на соларна енергија

    Макпрогрес Виница е првата македонска компанија која ќе произведува на соларна енергија

    Познатата македонска прехранбена компанија Макпрогрес Виница продолжува да биде пионер во поддршката на националната економија, иновативните технологии и општествената одговорност. Денес, Макпрогрес Виница официјално склучи…

  • „Фени“ да се продава на јавна лицитација, побара бугарски „Минстрој“

    „Фени“ да се продава на јавна лицитација, побара бугарски „Минстрој“

    Запирање на стечајот на „Фени“, впаричување на имотот и јавна лицитација за избор на компанија која ќе стопанисува со комбинатот, побара денеска бугарската компанија „Минстрој…

  • „Зеленото злато“ е новиот хит на светските пазари и тоа благодарение на „Instagram“!

    „Зеленото злато“ е новиот хит на светските пазари и тоа благодарение на „Instagram“!

    Верувале или не, авокадото е новото „злато“, барем според берзиските аналитичари, кога станува збор за акциите на компанијата „Calavo Growers“, кои денес чинат 97 долари.…

  • „Сбербанк“ се повлекува од Европа, банката си најде нов пазар!

    „Сбербанк“ се повлекува од Европа, банката си најде нов пазар!

    Руската банка планира да го намали присуството во Европа, а да го прошири работењето во Казахстан и Белорусија, но се очекува и да го продаде…

  • Blackstone купи синџир на хотели за 3,7 милијарди долари

    Blackstone купи синџир на хотели за 3,7 милијарди долари

    Американската хотелска компанија „LaSalle Hotel Properties“ одлучи да ја прифати понудата за купување на компанијата за приватни капитални инвестиции „Blackstone Group“ во вредност 3,7 милијарди…