13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФормирана Комисија за спроведување на реформи во пензискиот систем

Формирана Комисија за спроведување на реформи во пензискиот систем

Владата на денешната седница донесе Решение за формирање на Комисија за спроведување на реформи во пензискиот систем којашто ќе биде должна да ја информира Владата на Република Македонија за текот на спроведување на активностите за имплементација на истите.

На седницата како материјали за информирање беа разгледани Извештајот за реализација на Програма за конкурентност, иновации и претприемништво, информацијата за здравствената сотојба на шумите во Македонија, како и годишниот извештај на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција за 2017 година.

На седницата беше усвоена информацијата за отворање на Канцеларија за соработка со дијаспората во Општина Штип во согласност со Програмата за работа на Владата за 2018 година.

На денешната седница Владата го именуваше Дарко Радевски за член на Одбор на директори на АД Водостопанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП