18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНорвешката Statoil ќе се преименува во Equinor

Норвешката Statoil ќе се преименува во Equinor

Акционерите на најголемата Норвешка компанија „Statoil“ ќе го одобрат денес предлогот на Управниот одбор да ги отстранат зборот „oil“ (нафта) од името во нејзиниот обид да го прошири бизнисот и да привлечат млади таленти, загрижени за влијанието на фосилните горива врз климатските промени, пренесува „Ројтерс“.

Од среда компанијата ќе го промени името кое го носи од 46 години, во „Equinor“ и ќе се тргува на берзата во Осло со нов индекс – „EQNR“.

Норвешката Влада, која поседува 67% од компанијата, изјави дека ќе го поддржи курсот.

Според нафтената и гасна компанија промената на името е природен чекор, откако минатата година одлучи да се претвори во „широкоенергетска“ компанија, инвестирајќи до 15-20% од годишните капитални расходи во „нови енергетски решенија“ до 2030-та година, главно во крајбрежни фарми со ветерници.

„Главната причина компанијата да го промени своето име е кога сака да го прошири својот делокруг на активности или насока. Друга причина би можела да биде дека има проблеми, на пример со угледот“, коментира Алисон Стјуарт-Ален, експертот за брендирање и извршен директор на „International Marketing Partners“.

„Не мислам дека случајот со „Statoil“ e таков“, вели експертот.

Иако профитот на компанијата повторно расте, нејзиниот бизнис со јаглеводороди подлежи на посериозна контрола по Парискиот договор за климатски промени од 2016-та година.

„Име со „нафта“ како дел од него се повеќе би било недостаток. Ниту еден од нашите конкуренти нема такво. Тоа не служеше многу добро во текот на 50 години, но не мислам дека ќе биде најдобро име за следните 50 години“, коментира извршниот директор Елдар Сетре.

Новото име цели да предизвика љубопитност кај младите луѓе, за да научат и нови аспекти од работата на „Statoil“, вклучувајќи за обновливата енергија, додава тој.

Технолошките студентите се помалку се заинтересирани да работат со нафтени компании, откако цените на нафтата паднаа во 2014-та година, а обновлива енергија станува се повеќе популарна.

„Statoil“ е едвај на 15-тото место на годишната листа во Норвешка за најатрактивните работодавци. Има сигнали сепак дека промената на името може да и помогне на компанијата да се искачи нагоре на листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП