12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциски план за подобрување на состојбата со општинската патна инфраструктура

Акциски план за подобрување на состојбата со општинската патна инфраструктура

На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од подобрување на состојбата на општинската патна мрежа.

За таа цел Владата задолжи повеќе институции меѓу кои и Јавното претпријатие за државни патишта да изготви детална анализа и преглед на рехабилитирани општински патишта со помош на средствата од заеми, одобрени за таа намена. Исто така ќе се изготви и преглед на годишните износи на финансиските дотации до единиците на локална самоуправа наменети за одржување на општинските патишта за последните десет години.

На седницата задолженија добија и ЗЕЛС во соработка со општините и Министерството за локална самоуправа да изготват анализа на состојбата со општинските патишта и преглед на општински патишта во лоша и многу лоша состојба, во кој ќе вклучат приоритети. По добивањето на овие анализи Министерството за транспорт и врски ќе достави акциски план за подобрување на состојбата на општинската патна мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП