27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот долг е на пат да ги „скара“ ММФ и Германија

Грчкиот долг е на пат да ги „скара“ ММФ и Германија

Јазот меѓу Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Германија во врска со грчкиот долг се проширува, наместо позициите да се зближуваат, коментира грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори.

Изданието наведува дека имало состанок на т.н. „Вашингтонска група“, која разговараше за олеснување на грчкиот долг. Позицијата на Берлин е дури уште поцврста во насока да не се дозволи простување, додека Фондот инсистира на отстапки за да биде долгот остварлив.

Во „Вашингтонската група“ учествуваат претставници на институциите, кои и доделија заеми на Атина, како и претставници на најголемите европски економии – Германија, Франција, Шпанија и Италија. Сите тие само ги означиле разликите меѓу своите позиции за време на последните разговори, дополнуваат изворите на „Катимерини“.

Германија се чини непопустлива. Едно од барањата, поддржани од Берлин, на пример е евентуално олеснување на долгот да биде одобрен од националните парламенти на земјите во еврозонота, вклучувајќи и од Бундестагот.

Според претставникот на ММФ за Европа, Пол Томсон сепак германските барања се неприфатливи. Институцијата побара да се одрече дел од долговите за да се одржи. Ова е услов Фондот да учествува во програмата на Грција. ММФ, исто така, не ги прифаќа прогнозите за бурен економски раст на Грција, со што ќе бидат компензирани трошоците за покривање на обврските.

Во наредните месеци Еврогрупата треба да даде мислење за долговите и како целина за спроведувањето на третата спасувачка програма за нашиот јужен сосед. Ова ќе биде клучно за да се оттргне Атина од спиралата на меморандуми. Последниот, трет договор за спасување истекува во август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП