24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Кина е подобра во производството“ призна авто-компанијата!

„Кина е подобра во производството“ призна авто-компанијата!

Шведскиот „Волво“ тврди дека автомобилите кои што се произведени во Кина моментално се поквалитетни од оние кои се прават во европските фабрики.

Оваа компанија го прошири производството во Кина и тоа пред 4 години со проширена верзија на S60.

Во меѓувреме, швеѓаните целосното производство на S90 го префрлија во кинеските погони на крајот од 2016-та година, каде што понатаму ќе почнат и со производство на електрични возила.

„Квалитетот на автомобилите е подобар во Кина, отколку во Европа. Сите беа загрижени за квалитетот, но откако почнавме со работа во оваа држава, воочивме дека производството е дури и подобро“, рече потпретседателот на оваа компанија, Робин Пејџ.

„Европските фабрики користат повеќе машини, односно роботи со што рачните прилагодувања потешко се одвиваат. Исто така, тие имаат помала толеранција. Не се работи за голема разлика, но статистички гледано Кинезите се попрецизни“, заклучи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП