Имено, едно истражување покажува дека 70% од Британците не им веруваат на своите колеги, а третина од жените откриваат дека секојдневно се соочуваат со „борба“ за стекнување на поголема моќ на работно место. За жал ова е потврдено и од многу луѓе ширум светот.
Саботирање, трачарење, „борба“ за доминација во групи и во разговори се само дел од секојдневните работи со кои се соочуваат вработените.
Ова британско истражување потврдува дека четвртина од луѓето имаат проблем со повеќе од еден колега.
Оваа статистика укажува на тоа дека многу често работната атмосфера е непријатна за оние кои имаат непријатели на работното место, а ретко се случува претпоставениот да превземе нешто за да го реши овој проблем.