28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавувањето на нагорниот економски импулс во Франција продолжува

Забавувањето на нагорниот економски импулс во Франција продолжува

Економијата на Франција ќе продолжи да расте со побавно темпо, кое беше во сила во првите три месеци и далеку под најдобриот растечки импулс од крајот на 2017-та година и во вториот квартал од оваа година, покажуваат резултатите од најновата анкета на Француската централна банка, цитирана од „Ројтерс“.

Сега таа очекува БДП-то на земјата да се зголеми во периодот април – јуни за 0,3% во однос на првите три месеци, кога растот се забави остро до 0,3% од 0,6% на крајот на претходната година.

Основа за прогноза го дава индексот на Централната банка, кој ја мери вкупната бизнис активност, која се намали од 105 поени во март до 104 поени во април, а некое слабеење има кај активноста во индустријата, но и во сферата на услугите.

Индексот на индустриска активност во април се намали на 102 од 103 во март и се стабилизира на 105 нивоа во првите два месеци од годината. Според анкетираните бизнис менаџери индустриското производство се забрза слабо во четвртиот месец од годината, а во исто време мнозинството од нив очекуваат стабилизација на производствениот раст во месец мај.

Активноста во сферата на услугите исто забележа намалување, а индексот се намали во април до 102 поени од 103 поени во март и по повеќегодишниот максимум од јануари на ниво од 104 поени (највисока негова вредност од средината на 2011-та година). Во исто време аналогниот индекс во градежната сфера се намали во април до 104 поени од неговиот 10-годишен максимум од 105 поени, достигнат во март.

Студијата на централната банка сигнализира дека забавувањето на најдобриот растечки економски импулс од претходната година, што беше факт во почетокот на 2018-ма година, ќе остане во сила и во вториот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП