20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина се радува на изјавата на Трамп

Кина се радува на изјавата на Трамп

Кина ја поздрави изјавата на претседателот на САД која, најави наводно олеснување на санкциите на телекомуникациската компанија „ZTE“.

Mинистерството за надворешни работи на Кина соопшти дека, вицепремиерот Лиу Хе, ќе оди во посета на САД деновиве со цел да разговара со американскиот министер за финансии Стивен Мучин.

Портпаролот на министерството, Лу Кинг изјави дека Кина се радува на објавата на Трамп во која стои дека ќе и помогне на компанијата „да се врати назад на работа“, бидејќи се изгубени многу работни места.

„Многу ја цениме американската изјава во врска со случајот на „ZTE“. Во моментов се договараме за деталите“, им соопшти Кинг на новинарите.

Во врска со посетата на вицепремиерот, Кинг рече дека Кина е подготвена да соработува со САД „со цел позитивен и конструктивен исход во следниот круг економски и трговски разговори”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП