26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba очекува 33% зголемување на нето добивката за фискалната година

Toshiba очекува 33% зголемување на нето добивката за фискалната година

Јапонска компанија „Toshiba Corp.“ објави дека очекува нејзината нето добивка да забележи раст од 33 отсто во оваа фискална година, благодарение на планираната продажба на нејзината единица за чипови за меморија за 18 милијарди долари, пренесува „Ројтерс“.

Нето добивката на проблематичниот конгломерат веројатно ќе порасне на 1,07 илјади милијарди јени (9,75 милијарди долари) од 804 милијарди јени, истакнувајќи втората година по ред на добивка за компанијата по години на финансиска криза поради сметководствениот скандал и премногу големите трошоци на нејзината американска единица за нуклеарна енергетика „Westinghouse“.

Во минатата година „Toshiba“ се согласи да ја продаде своето единица за чипови на конзорциум, предводен од „Bain Capital“ и јужнокорејската „SK Hynix“, но извори велат дека договорот не е одобрен од страна на кинеските регулатори.

Изворите запознаени со ова прашање тврдат дека крајниот рок за Кина да го заврши договорот е 28-ми мај, а „Toshiba“ се надева на решение до тогаш.

Доколку не се добие одобрение од Кина, „Toshiba“ може да се откаже од договорот. На неа веќе очајно не и се потребни средства, по издавањето на 5,4 милијарди нови акции на странски инвеститори на крајот на минатата година, а некои инвеститори активисти се спротивставија на продажбата, наведувајќи дека договорот значително ја потценува единицата.

Во изјавата дадена денес, „Toshiba“ објави дека планира да ја продаде оваа дивизија и ќе ги врати средствата на акционерите по продажбата.

Компанијата очекува да оствари 970 милијарди јени профит од продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП