
Станува збор за Хепатит Б, за кој германските научници сметаат дека постои уште од пред 7.000 години.


Станува збор за Хепатит Б, за кој германските научници сметаат дека постои уште од пред 7.000 години.
Генетска материја од овој вирус пронајдена е во костури од каменoто доба во германската покраина Саксонија.
Повеќе од 250 милиони луѓе денес се заразени, со што овој вирус е најраширен во оваа доба. А се шири преку крв или полови односи.
Резултатите од испитувањето на костурите се објавени во магазинот „Еlife“.
Научниците од Институцијата „Макс Планк“ ги испитувале костурите од каменото доба и од средниот век. Имено, во некои од нив се пронајдени траги од Хепатит Б.
Постои разлика помеѓу оние кои се испитувани од каменото доба и оние од средниот век, овие вторите се многу поблиски до модерниот Хепатит, секако како што поминувало време вирусот имал и неколку промени и тоа во последниве 500 години.
Сојот од каменото време се претпоставува дека до сега би требало да е исчезнат, иако некои гени од нив сеуште постојат кај горилите и шимпанзата. Но тие немаат никаква директна врска со вирусот која го напаѓа човекот денес.
А, еве како тој функционира по навлегување во човечкото тело: