29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо семејството на Mercedes-AMG GT се појави нов Roadster (фото) 

Во семејството на Mercedes-AMG GT се појави нов Roadster (фото) 

Компанијата „Mercedes-Benz“ ја прошири својата гама на спортски автомобили „AMG GT“ со додавање на „S“-верзија на „roadster“. Ова е третата отворена модификација, која ќе го пополни просторот помеѓу основниот „GT Roadster“ со 476 КС и топ-верзијата „GT C Roadster“, која развива 557 КС.

Слично на истоименото купе „GT S“ и овој модел е опремен со верзија на 4.0-литарскиот битурбо „V8“ мотор кој развива моќност од 522 КС и 370 Nm вртежен момент. Таа му овозможува на возилото да забрза од 0 до 100 км/ч за 3,8 секунди и да развие максимална брзина од 308 км/ч.

Како опрема новиот автомобил од семејството се доближува до топ-верзијата „GT C“, бидејќи располага со адаптивна суспензија „AMG Ride Control“, електронски-контролиран заден диференцијал, активен издувен систем, 20-инчни задни тркала, поголеми сопирачки механизми и тркачки режим на погонските единици. За разлика од верзијата „GT C“, „S Roadster“ нема шасија со занишани задни тркала.

По издавањето на оваа модификација семејството „Mercedes-AMG GT“ веќе вклучува 12 возила – 3 „roadster“ верзии, 4 купе модели (вклучувајќи го екстремниот „GT R“), тркачките „AMG GT3“ и „AMG GT4“, како и три верзии на модерната „AMG GT 4-Door Coupe“. Продажбата на новиот „S Roadster“ ќе започне во текот на летото, а се очекува тогаш да бидат познати и цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП