3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAllianz ги надмина прогнозите со раст од 7 отсто

Allianz ги надмина прогнозите со раст од 7 отсто

Германскиот осигурител „Allianz“ објави дека е на пат да ги исполни своите цели за 2018-та година, откако забележа раст од 6,8% на нето добивката за првото тримесечје. Зголемувањето, ги надмина прогнозите на аналитичарите, главно се должи на повисоките инвестициони резултати и пониските даночни стапки, соопштува „Ројтерс“.

Нето добивка од 1,939 милијарди евра е над очекувањата од 1,787 милијарди евра на аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“, и над износот од 1,816 милијарди евра во однос за истиот период од минатата година.

„Allianz“ и осигурителната индустрија се надоместуваат од тешката 2017-та година, која беше одбележана со серија природни катастрофи во Северна Америка, кои доведоа до рекордни плаќања кон клиентите.

„Тоа добро претставување ја води „Allianz“ кон постигнување на нејзините годишни цели за 2018-та година“, изјави главниот извршен директор на компанијата, Оливер Бете.

Бете минатата недела рече дека оперативната добивка ќе биде блиску до износот од 11,1 милијарди евра, која осигурителот ја забележа во 2017-та година, или можеби со околу 500 милиони евра под или над овие податоци.

Тој додаде дека „Allianz“ останува во потрага по однос на идните перспективи како резултат на глобалната економска несигурност и силното евро.

Комбинираниот сооднос, кој е мерка на профитабилност, во првиот квартал се подобри за 0,8 процентни поени до 94,8 проценти. Од „Allianz“, исто така, потенцираа дека пониските трошоци за реструктуирање ја поддржаа тримесечната добивка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП