23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија се претстави најслабо за 18 месеци

Германската економија се претстави најслабо за 18 месеци

Економијата на Германија се забави повеќе од очекуваното во првиот квартал од годината, како во однос на последните три месеци од минатата година, така и на годишна основа, станува јасно од прелиминарните податоци на Федерално биро за статистика на земјата.

Во првото тримесечје од 2018-та година германската економија расте со 0,3%, што е под консензус прогноза на пазарот за раст од 0,4%. Ова е, исто така, најслаб раст од третиот квартал на 2016-та година. За споредба, во претходниот квартал најголемата економија во Европа забележа пораст од 0,6%.

На годишна основа, економијата на Германија порасна за 1,6%, но овој резултат е под прогнозата од 1,8%. Во последниот квартал од минатата година, во споредба со истиот период од 2016-та година, БДП-то се зголеми за 2,3%.

И покрај побавното темпо, економијата на Германија расте за 15-ти по ред квартал, а тоа придонесува за најдолгата фаза на раст од 1991-ва година, посочуваат од статистичката служба.

За растот на БДП-то во периодот јануари-март 2018-та година придонесе домашната побарувачка, при што домаќинствата малку ги зголемија трошоците за финалната потрошувачка.

Меѓу причините за забавување на темпото на раст на економијата, сепак е намалувањето на трошоците од страна на Владата за прв пат од пет години.

Според прелиминарните податоци на националната статистичка служба на земјата, меѓународната трговија исто така е помалку динамична.

Во првото тримесечје бројот на вработени луѓе во Германија се зголеми за 1,4% на годишна основа или 609.000 лица до 44,3 милиони лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП