25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПлановите на Alfa Romeo: нов SUV и Giulia со 641 КС

Плановите на Alfa Romeo: нов SUV и Giulia со 641 КС

Италијанскиот производител „Alfa Romeo“ може да го прошири својот асортиман со неколку нови верзии на моделот „Giulia“, како и со нов „SUV“ во јуни оваа година.

Се очекува компанијата официјално да потврди две нови верзии на „Giulia“, кои ќе бидат наречени „GTV“ и „Sprint“. Според „Autocar“, модификациите ќе бидат достапни со 3 и 5 врати. Се очекува инженерите на „Alfa Romeo“ да го стават на овие машини системот „ERS“, сличен на „HY-KERS“, користен во суперавтомобилот „LaFerrari“.

Производителот развива и нови хибридни верзии на двата познати мотори – 2.0-литарскиот со 276 КС, користен само во „Giulia“, и 2,9-литарски со 510 КС, поставен на „Giulia Quadrifoglio“ и на „SUV“ моделот „Stelvio“. Со користење на новата технологија, моќта на единиците ќе се зголеми на 345 КС и 641 КС.

Што се однесува до наводниот новиот „SUV“,„Alfa Romeo“ верува дека тоа ќе биде клуч за брендирање во САД. Моделот веројатно ќе биде поголем од „Stelvio“, но ќе биде изграден на иста основа.

Официјалната најава на идните планови на брендот ќе бидат познати на 1-ви јуни, кога концернот „FCA“ организира специјален настан на патеката во Балоко. Освен понатамошната стратегија на „Alfa Romeo“, ќе бидат објавени и одлуките за проширување на гамата на „Jeep“, „Dodge“, „Chrysler“, „Fiat“, „Maserati“ и „Abarth“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП