4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦентрална кооперативна банка АД Скопје прокнижи загуба за првиот квартал од годинава

Централна кооперативна банка АД Скопје прокнижи загуба за првиот квартал од годинава

Во периодот 01.01.2018-31.03.2018 Централна кооперативна банка АД Скопје оствари загуба во износ од 1,383,000 денари.

Централна кооперативна банка АД Скопје забележа подобрување на финансискиот резултат од работењето во првиот квартал од тековната година, во однос на истиот период од минатата година. Во најголем дел овој тренд се должи на континуираниот раст на кредитирањето, кое во овој квартал постигна раст од 4,13% во однос на крајот од претходната година. Остварениот раст на кредитирањето овозможи зголемување на приходите од камати за 6,79% и генерираше позитивен нето-ефект прикажан преку раст на нето-приходите од камати од 3,43%. Истовремено, Банката оствари значителна стапка на раст на депозитите од други комитенти во висина од 4,25%, како резултат на успешните кампањи за привлекување нови денарски и девизни депозити. Зголемувањето на депозитите продуцираше и соодветен раст на расходите од камата за 14,19%, но нето-ефектот од камати останува позитивен.

Нето-приходите од провизии бележат намалување за 11,53% поради определбата на Банката за понуда на промотивни и подостапни услуги на своите клиенти. Одредено намалување се забележува и кај позицијата останати приходи од дејноста, што во основа се должи на остварените приходи од продажба на преземени средства во првиот квартал од претходната година.

Расходите за исправката на вредноста на финансиските средства и посебната резерва се задржаа на најниско ниво, со незначителен пораст од само 1,57%. Ова намалување во услови на значителен раст на кредитирањето, ја одразува континуираната посветеност на Банката кон одржување ниско ниво на ризичност на кредитното портфолио.

Во овој квартал Банката нема евидентирано нови преземени средства и, соодветно, нема издвоено загуба поради оштетување на нефинансиските средства.

Позицијата трошоци за вработените забележува зголемување за 7,05% во однос на минатата година поради зголемување на бројот на вработените и континуирано вложување во постојните вработени. Во анализираниот период има зголемување на амортизацијата во однос на истиот период од минатата година, поради набавката на нови основни средства и модернизација на опремата.

Имајќи го предвид зголемениот обем на работење, Банката евидентира значителна заштеда, која се рефлектира преку намалувањето на останатите расходи од дејноста за 5,76%.

Според податоците од финансиските извештаи за првиот квартал од годината, може да се заклучи дека Банката продолжува да го зголемува своето пазарно учество, преку зголемениот обем на работење во делот на кредитирањето и останатите банкарски услуги. Истовремено, Банката успешно менаџира со ризичноста на кредитното портфолио и посветено работи на остварување на поставените цели согласно со деловниот и со финансискиот план.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП