1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите кралски семејства во Европа

Најбогатите кралски семејства во Европа

Богатството на кралицата Елизабета Втора од над 500 милиони долари се чини скромно во споредба со богатството на некои од другите кралски семејства во Европа.

Кралицата на Англија е најпознатиот монарх на континентот, но не и најбогат.

Оваа титула им припаѓа на кралските семејства кои имаат богатство во милијарди, како она на принцот на Монако – Алберт Втори.

Погледнете кои се 10-те најбогати монарси во Европа, иако тука треба да се има предвид дека богатството на некои кралски семејства е тешко да се процени и може да вклучува средства, обезбедени од државата во додаток на личното богатство.

10. Крал Филип, Белгија

Богатство: 13 милиони долари

За личното богатство на кралот Филип има малку да се каже, но во 2013-та година кралското семејство објави дека е околу 13 милиони долари.

Граѓанскиот список на Белгија ги покрива сите директни трошоци на кралот Филип, кои изнесуваат околу 13.801.830 долари во 2013-та година, како и некои дополнителни услуги, кои исто така се финансираат од Владата.

Белгиските кралски имоти се во сопственост на државата или на Кралскиот труст, финансиски независна и автономна јавна институција. Имотите на трустот никогаш не може да се продадат.

9. Крал Фелипе Шести, Шпанија

Богатство: 20 милиони долари

Шпанскиот крал ја намали платата за 20% на 267.447 долари во 2015-та година.

Шпанското кралско семејство има осум палати, пет кралски резиденции и десет манастири. Во 2015-та година, нивниот кралски начин на живот ја чинел Шпанија 8,9 милиони долари.

8. Кралот Харалд Пети, Норвешка

Богатство: 30 милиони долари

Кралот Харалд не плаќа данок за неговото богатство и потрошил дел од тоа да купи јахта.

Норвешката монархија ја чини државата 72 милиони долари годишно. Во 2017-та година норвешката влада одвои 32.214.394 долари за кралскиот двор и 14.888.900 милиони долари за лични трошоци на кралот и кралицата.

7. Кралицата Маргарет Втора, Данска

Богатство: 40 милиони долари

Кралицата Маргарет Втора седна на данскиот престол во 1972-ра година.

Данскиот Граѓански список му гарантира на кралското семејство 12.8 милиони долари годишно, кои ги покриваат активностите на кралицата, на кралското семејство и личните трошоци.

6. Кралот Карл XVI Густаф, Шведска

Богатство: 70 милиони долари

Кралот Карл XVI Густаф добил 7.6 милиони долари за службените обврски во 2015-та година, а администрацијата на кралскиот дворец добила близу 7.4 милиони долари од државата во истата година.

Во богатството на кралското семејство е вклучена и сопственоста над летната резиденција Солиден, која е со статус близок до палата.

5. Кралицата Беатрикс, Холандија

Богатство: помеѓу 200 и 300 милиони долари

Кралицата Беатрикс се повлече од тронот во 2013-та година, но тоа не и попречи да остане меѓу најистакнати фигури во холандската монархија.

Актуелниот крал на Холандија Вилем-Александар располага со буџет од 47 милиони долари, кој ги покрива официјалните посети и странските посети. Тој, исто така, има лично богатство, кое се состои од недвижен имот, инвестиции и учество во „Shell Oil“.

4. Кралицата Елизабета Втора, Англија

Богатство: помеѓу 500 и 600 милиони долари

Богатството на британското кралско семејство се состои од имот, предмети на уметност и инвестиции. Повеќето од нив доаѓаат од имотот на кралицата, која ја вклучува Бакингемската палата и нејзините круниски накити.

Личното богатство на кралицата Елизабета се проценува на 530 милиони долари, според „Форбс“.

Во периодот 2016-2017 година, Суверениот грант изнесуваше околу 57 милиони долари. Кралицата, исто така, добила околу 20 милиони долари од наем на имот.

3. Принцот Алберт Втори, Монако

Богатство: 1 милијарда долари

Се верува дека принцот Алберт Втори поседува една четвртина од земјата во царството; домот на својата мајка Грејс Кели во реонот Филаделфија кој го купува во 2016-та година за 754.000 долари; колекција класични автомобили; акции во одморалиште во Монте Карло и скапа колекција на поштенски марки.

Кралството Монако потроши 52.788.294 долари за своето кралско семејство во 2015-та година.

2. Големиот војвода од Луксембург, Анри

Богатство: 4 милијарди долари

Кралското семејство на Луксембург не добива плата, но добива околу 324.851 долари секоја година од 1948-ма година, за да ги извршува своите функции.

Буџетот за 2017-та година вклучува 12.121.914 долари за трошоци за куќата на Големиот војводата. Сопственоста, управувањето, контролата и усвојувањето на личното богатство на Големиот војводата му припаѓаат на сопственикот на круната.

Богатството на семејството се проценува на 4 милијарди долари.

1. Принцот Ханс Адам II, Лихтенштајн

Богатство: 5 милијарди долари

Принцот Ханс-Адам II добива неоданочливи средства за покривање на трошоците наместо плата во износ од 270.709 долари.

Сумата може да изгледа мала, во споредба со она што го добиваат другите монарси, но богатството на фамилијата се проценува на 5 милијарди долари, во голема мера поради нивната сопственост на банката „LGT Group“ и инвестициите кои се прават во фондацијата на принцот, кој ги контролира недвижностите, шумите и винариите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП