29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВип донира нови CTG апарати за поуспешна дијагностика

Вип донира нови CTG апарати за поуспешна дијагностика

vip2

Денеска на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје беа пуштени во употреба три современи CTG апарати – електронски фетални монитори, донација од Вип оператор. Апаратите, од кои два за обична и еден за близначна бременост, се наменети за следење на срцевата активност на плодот во мајката и се многу значајни во современата  пренатална дијагностика во гинекологијата. Вредноста на донираните апарати е 550 илјади денари.

Здравството е еден од најделикатните сегменти на заедницата и неговиот развој е од интерес на сите нас. Како активен чинител во општеството и веќе препознатлив промотор на вистинските вредности кој се грижи за ранливите сегменти, Вип уште еднаш ја препозна потребата за неопходната медицинска опрема и за само неколку месеци истата е инсталирана и подготвена за употреба. На наша голема радост таа е онаму каде што се раѓа животот, кај малите борци, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор.

Унверзитетската гинеколошко – акушерска клиника во Скопје е најголема во земјава со над 50 000 високо стручни прегледи и интервенции годишно, од кои 5000 до 6000 породувања. Оттаму важноста на современите услови и соодветната апаратура.

Квалитетната дијагностика воопшто, а особено пренаталната, не може да се замисли без современата технологија. CTG апаратите се од особена важност за следење на состојбата во тек на породувањето, како и за следење за состојбата на плодот кај нормални бремености кои го надминале терминот за породување, а и порано кај високоризичните бремености, трудници со дијабетис, со хипертензија, застој во растот и слично. На овој начин значително придонесуваат во намалување на перинаталната смртност. Со оваа донација Вип оператор уште еднаш го покажа партнерството со Клиниката. Тој низ сиве овие години, на еден начин, стана дел од нашиот тим, покажувајќи исклучителен и искрен однос кон потребите на пациентите на Клиниката, изјави д-р Марија ХаџиЛега, директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

vip

Како општествено одговорна компанија, Вип оператор има трјана определба за придонес во развојот на заедницата и поддршка на општествените вредности. Согласно со тоа, компанијата го одржува партнерството со Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство од 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП