23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во Кина го забавуваат темпото на раст

Инвестициите во Кина го забавуваат темпото на раст

Најновите економски податоци во Кина даваат мешана слика за втората по големина економија во светот.

Продажбата на мало, со раст од 9,4%, и инвестициите во април не ги исполнија очекувањата на експертите. Инвестициите се зголемија за само 7% во првите четири месеци од годината, објави Националното статистичко биро. Ова е најслаб раст од 1999-та година. Аналитичарите очекуваа пад од само 7,4%, по зголемувањето на 7,5 кое е забележано помеѓу јануари и март.

Светла точка беше индустриското производство, кое во април се зголеми посилно отколку што се очекуваше. Зголемувањето беше 7 проценти, додека аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“ очекуваа раст од само 6,3 проценти. Во март, зголемувањето беше 6 проценти.

Податоците се меѓу првите официјални податоци, кои не се под влијание на празникот на кинеската Нова година, кои отстапуваат во споредбите на годишна основа за првите три месеци. Мешаните податоци потврдуваат една состојба на економијата, која веќе се наоѓа во постепено циклично одложување – во време во кое се соочува со ризици, кои се движат од тензиите во трговијата со САД до континуираната кампања за ограничување на прекумерен долг.

Трговскиот спор меѓу САД и Кина засега не остава никакви траги, известува Заводот за статистика. Разговорите оваа недела за решавање на конфликтот ќе продолжат.

Првиот состанок на почетокот на месецот не донесе конкретни резултати. Според американскиот амбасадор во Кина, Тери Бранстад, двете земји сé уште се далеку од постигнување на договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП