27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVienna Insurance Group: Бруто добивката зголемена за 5,2 %

Vienna Insurance Group: Бруто добивката зголемена за 5,2 %

vienna1

„Vienna Insurance Group“ извести за зголемување на бруто добивката за 5,2 проценти, на 159 милиони евра во првиот квартал од оваа година, додека комбинираниот сооднос беше на ниво од 96,9 проценти, се вели во извештајот од компанијата.

„Vienna Insurance Group“ во првиот квартал од оваа година оствари добивка во износ од 2,7 милијарди евра, што е за 1,5 проценти помалку во споредба со истиот период минатата година, истакнуваат од групата.

Шефот на „Vienna Insurance Group“ Питер Хеган не даде специфична прогноза за 2013 година, но нагласи дека економското опкружување и осигурителниот пазар ќе останат предизвик.

Во однос на видот на осигурувањето, бруто добивката на неживотното осигурување е намалена за 1,7 проценти, добивката на животното осигурување беше за 1,6 проценти помала, а здравственото осигурување се зголеми за 2,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП