26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТереза ​​Меј: Верувајте ми за Brexit!

Тереза ​​Меј: Верувајте ми за Brexit!

Британскиот премиер Тереза ​​Меј изјави дека треба да и се верува за „Brexit“, но додаде дека тоа не може да се случи без компромиси од сите страни, пренесе Ројтерс, додавајќи дека ова нејзино предупредување е до министрите во кабинет, кои се длабоко поделени за идните царински договори.

Поделбата во нејзината влада во врска со прашањето за царинската унија јасно се виде во вторникот, кога министерот за надворешни работи, Борис Џонсон изјави дека предлогот за царинско партнерство со Европската унија, откако Британија ќе го напушти блокот, е „лудост“.

Одлуката на Меј да ја напушти царинската унија на ЕУ, кој одредува тарифи за стоки увезени во блокот, стана една од главните спорни точки во дебатата за „Brexit“.

„Sunday Telegraph“ пишува дека најмалку десетина од 28-те министри во кабинетот на Меј планираат да ја блокираат нејзината понуда.

Но, цитирана од „Sunday Times“, Меј повика на доверба.

Алтернативниот предлог, наречен „максимално олеснување“, што се потпира на идните технологии, за да се осигура дека трговијата ќе продолжи по „Brexit“, исто така се разгледува од страна на членовите на нејзиниот кабинет. ЕУ ги отфрли двата предлози.

Британскиот премиер рече дека ќе предложи различни опции, но истакна дека Велика Британија ќе ја напушти царинската унија на ЕУ за да може земјата да воспостави сопствена независна трговска политика.

„Се разбира, деталите се неверојатно сложени и, како и со какви било преговори, ќе има компромиси“, рече таа.

„Ќе ми треба вашата помош и поддршка за да дојдам до „Brexit“, за што луѓето гласаа“, рече таа, цитирана од „Sunday Times“.

Според повеќето министри во кабинетот во Меј, ниту еден од предлозите не е апсолутно совршен.

„Новото царинско партнерство има недостатоци и тие треба да бидат тестирани“, изјави министерот за животна средина, додавајќи дека министрите разгледуваат двете варијанти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП