17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНе престанува да изненадува, прво ги „уби“ а сега ги враќа „назад...

Не престанува да изненадува, прво ги „уби“ а сега ги враќа „назад на работа“!

Претседателот Трамп повторно ја изненади јавноста, овој пат со изјавата дека планира да и помогне на кинеската телекомуникациска компанија „ZTE“, „да се врати назад на работа“.

Тој наведе дека станува збор за премногу загрозени работни места во Кина, како последица на американската влада за оневозможување на пристап кон американските добавувачи.

Министерството за трговија во САД претходниот месец, и стави забрана на „ZTE“ за увозот на телекомуникациски мрежи и паметни телефони од јужниот дел на Кина во САД до седум години, обвинувајќи ја компанијата за мамење и кршење на санкции.

Ова се случи пред Трамп да ја превземе функцијата во јануари 2017-та година, а одлуката на министерството следеше веднаш по влошувањето на трговските тензии помеѓу САД и Кина во центарот на интелектуалната сопственост поврзана со технологијата.

Неочекуваната изјава следеше во период кога двете земји се подготвуваат за продолжување на трговските преговори во Вашингтон оваа недела, пренесува агенцијата „AP“.

Претседателот кој уште на почетокот зазеде „тврд“ пристап кон решавањето на спорот и техолошките прашања со Пекинг, на својата објава истакна дека заедно со кинескиот лидер Си Џипинг „заедно работат на брзо опоравување на компанијата и враќање назад на работа“.

„Изгубени се многу работни места во Кина. На министерството за трговија му беше наложено да спроведе таква акција“, рече американскиот претседател, а пренесе „AP“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП