3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонски тур-оператори во посета на Македонија

Јапонски тур-оператори во посета на Македонија

По иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија, а во соработка со ЈАТA – Јапонската асцоцијација на тур-оператори и македонската амбасада во Токио, во тек е реализација на информативно патување за тур-оператори од Јапонија.

Претставници на ЈАТА и нивните членки, тур-операторите ANA sales Co. Ltd, Nihombashi Yumeya Co. Ltd и Five Star Club Inc се во посета на Македонија во текот на оваа недела и ќе се запознаат со туристичките содржини и производи што ги има земјава, а се атрактивни за јапонскиот туристички пазар.

Во текот на патувањето јапонските тур-оператори ќе остварат две бизнис-средби со приватниот сектор од Македонија, во Скопје (на 15 мај) и во Охрид (на 17 мај), со цел остварување директен контакт со македонските тур-оператори и можно почнување на соработка. Во текот на денешниот ден јапонските тур-оператори ќе направат разглед на Скопје и околината, со посебен акцент на придонесот за град Скопје на архитектонските идеи на јапонскиот архитект Кензо Танге. Следниве неколку дена гостите ќе ги вкусат македонските специјалитети од традиционалната кујна, ќе се доближат до локалното население и ќе посетат дел од македонските цркви и манастири.

Посетата е во линија со идејата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот преку која презема иницијативи за проширување на македонскиот туристички производ како во регионот така и на трети пазари. Оттука е и поддршката за запознавање на јапонските тур-оператори со туристичките дестинации на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП