24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобрување на услугите и дополнителна заштита на потрошувачите со нов амандман на...

Подобрување на услугите и дополнителна заштита на потрошувачите со нов амандман на Законот за енергетика

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се обрати на седница на собраниската комисија за енергетика, на која во второ читање се рагледуваше Законот за енергетика.

На седницата беше усвоен амандман на членот 28 со кој се додава нов став, предложен од група на пратеници, а во насока на повисока заштита на правата и интересите на потрошувачите и корисниците на системите за пренос и дистрибуција на енергија, како и заради креирање на мерки за поттикнување на ефикасноста во работењето.

Како што информираат од кабинетот на Анѓушев, на овој начин, преку Законот за енергетика, операторите на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија се должни, на начин утврден со соодветни мрежни правила, да доставуваат секоја година до Регулаторната комисија за енергетика извештаи со статистички податоци за непрекинатост на испораката на енергија и за квалитетот на услугата, како и за бројот на приговорите од корисниците на системите и потрошувачите што се однесуваат на непрекинатост во испораката на енергија и за квалитетот на услугата.

Вицепремиерот го поздравил предлогот на пратениците и посочил дека со вметнувањето на амандаманот се добива подобар текст на Законот преку чија имплементација ќе се подобрува квалитетот на услугата за крајните потрошувачи.

„Досега, конторолор на квалитетот на услугите кои ги даваат операторите беше единствено Регулаторната комисија. Регулаторната комисија имаше задача да ги воспостави и следи индикаторите SAIFI (Индикатор за просечен број на прекини во дистрибутивниот систем) и SAIDI (Индикатор за просечно времетраење на прекин по потрошувач) и согласно добиените податоци да интеревенира за да го подобри нивото на услуга на операторите. Регулаторната комисија за енергетика, тоа не го правеше и затоа е добро оваа обврска на комисијата да биде законски регулирана, а не да се остава на добра волја и желба на комисијата“, посочил Анѓушев.

Вицепремиерот воедно потенцирал дека со вметнувањето на амандманот, Регулаторната комисија за енергетика добива силен механизам со кој ќе се зајакне контролата на квалитетот на услугата на операторите на дистрибутивната и преносната мрежа кон крајните потрошувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП