4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска Банка АД - Скопје со добивка од над 1 милијарда денари...

Стопанска Банка АД – Скопје со добивка од над 1 милијарда денари за првиот квартал

Во текот на првиот квартал од 2018 година Стопанска Банка АД – Скопје оствари добивка во износ од 1.051.037 илјади денари, што преставува зголемување за 57,1% повеќе споредено со истиот период од 2017 година.

Зголемениот резултат се должи пред се на успешното редовно работење како и на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци, кој во текот на 2017 година се соочи со влошување на состојбите, поради што СБ имаше потреба од издвојување на исправка на вредност. За разрешување на статусот на должникот СБ склучи договор за продажба на своите побарувања, кој
се реалзираше во текот на март по што се изврши и ослободување на извршената исправка во 2017 година до крајот на март 2018 година, која се евидентираше и е прикажана во овие објавени финансиски резултати.

Нето приходите од камати изнесуваат 960.060 илјади денари, односно се зголемени 5,2% во однос на истите во споредба со анализираниот период, при што приходите од камати забележаа зголемување од 2,1%, додека расходите од камата забележаа намалување од 11,9%.

Нето приходите од провизии и надомести изнесуваат 245.308 илјади денари и се повисоки за 3,6% од истите во 2017 година како резултат на нето провизиите од услугите во сферата на платниот промет, кредитните и картичните производи.

Нето приходите од курсни разлики се на релативно исто ниво како во истиот период од минатата година и изнесуваат 39.446 илјади денари.

Останатите приходи од дејноста забележаа намалување од 19,9%, во иста насока со останатите расходи од дејноста кои се намалија за 10,8%.

Трошоците за вработени на СБ изнесуваат 208.879 илјади денари.

Во првото тримесечие СБ покажа ослободување на исправка на вредност на финансиските средства во износ од 199.044 илјади денари, пред се како резултат на успешното разерешување на статусот на должникот Фени Кавадарци.

Загубата поради оштетување на нефинансиски средства изнесува 7.685 илјади денари и е понсика од минатата година за 16,6%.

Вкупната актива на СБ изнесува 88.207.052 илјади денари, која е повисока споредено со четвртиот квартал од 2017 година за 2,1%. Зголемувањето на активата е резултат на зголемување на вложувањата во хартии од вредност, која позиција во првиот квартал од 2018 изнесува 7.106.086 илјади денари, и е повисока за 14,1% споредено со четвртиот квартал од 2017 година.

Kредитите и побарувањата од други комитенти изнесува 60.796.830 илјади денари, и е повисока за 0,2% споредено со четвртиот квартал од 2017 година.

Паричните средства и паричните еквиваленти забележаа зголемување за 4,6% како резултат на зголемената ликвидност која произлегува од поголемото зголемување на депозитите во споредба со кредитите. Имено, во истиот период позицијата депозити на други комитенти забележа пораст од 1,5%.

Капиталот и резервите изнесуваат 14.664.627 илјади денари и е повисок за 7,6% во однос четвртиот квартал на 2017 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП