26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИXerox се откажа од договорот со Fujifilm

Xerox се откажа од договорот со Fujifilm

„Xerox“ се откажа од купувањето за 6,1 милијарди долари на „Fujifilm Holdings“ и се разделува со својот извршен директор, што претставува голема победа за инвеститорите активисти Карл Ајкан и Дарвин Дејсон, пишува „Bloomberg“.

Во рамките на договор со двајцата инвеститори, кои заедно поседуваат околу 13% од „Xerox“, американскиот провајдер на канцелариска опрема изјави дека извршниот директор Џеф Џејкобсон ќе се повлече заедно со неколку други членови на одборот на директори. Џон Висентин се очекува да ја преземе функцијата извршен директор, а Кит Коза, претседател на „Icahn Entrerprises“, ќе стане претседател.

Денес од „Fujifilm“ најавија дека ја „оспоруваат едностраната одлука на „Xerox““ и „ги разгледуваат сите навни можни опции, вклучувајќи да преземат правни дејства поради нанесените штети“.

Случката става крај на сериозната битка помеѓу „Xerox“ и Ајкан за договорот, кој можеше да ја префрли контролата над американскиот производител на машини за копирање во рацете на јапонската компанија. Во рамките на трансакцијата, предложена во јануари, „Xerox“ требаше прво да се спои со заедничката компанија која управува со „Fujifilm“ во Азија, а компанијата со седиште во Токио конечно требаше да ја преземе контролата на над 50 отсто од бизнисот.

Ајкан и Дејсон се спротивставија на договорот од самиот почеток. Дејсон поднесе тужба против „Xerox“ во февруари, за да го блокира предлогот, обвинувајќи го Џејкобсон дека дејствувал, без да има право да склучува договор, а целта му била да ја зачува својата работа.

Минатата недела, Ајкан и Дејсон го повторија повикот на „Xerox“ да го прекине договорот, да го отпушти Џејкобсон, ангажира нов извршен директор и одборот да се повлече. Двајцата тврдат дека ќе бидат подготвени да ја разгледаат секоја понуда за компанијата со понуда од најмалку 40 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП