21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ја збесна Јужна Кореја, покренат е спор

САД ја збесна Јужна Кореја, покренат е спор

Јужна Кореја покрена спор пред Светската Трговска Организација (СТО) против САД, поради воведување на царински давачки при увоз на машини за перење алишта и соларни панели.

Според информациите, спорот го започнале бидејќи царините го кршат договорот на СТО.

Министерството за трговија, индустрија и енергетика во Јужна Кореја во соопштението наведе дека имаат доставено барање за билатерални консултации со Америка, со цел да започне процесот на решавање на спорот, пренесува агенцијата „Reuters“.

Овој потег владата на Јужна Кореја го направи веднаш по значително зголемените тарифи за увоз на машини за перење алишта и соларни панели, поради наводна заштита на американските производители.

Јужна Кореја во месец април најави план за суспензија на царинските привилегии при увоз на американска стока вредна 480 милиони долари, веднаш по воведените тарифи на САД.

Министерството во Сеул соопшти дека ќе возврати на нелојалните ограничувања на увозот што ги наметнаа главните трговски партнери на земјата против компании од Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП