18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаровска на министерски состанок во Виена

Царовска на министерски состанок во Виена

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, учествуваат на регионалниот министерски состанок на земјите од Западен Балкан во организација на Светската банка.

Состанокот, кој денеска се одржува во Виена, е со наслов „Ослободување на потенцијалите за економски раст во Западен Балкан преку унапредување на родовата еднаквост во пристапот до економските можности“.

Царовска е панелист во сесијата посветена на промоција на еднаквоста во претприемаштвото. Целта на оваа сесија е да се дискутираат и предложат решенија што ќе го подобрат пристапот на жените до финансиски средства и ќе го поттикнат нивното учество во претприемаштвото. Еден од клучните чекори во борбата за родова еднаквост е овозможување еднаквост во пристапот до финансиски средства и имот, што директно се одразува врз независноста и подобрувањето на статусот на жените во општеството.

Според процените, во просек 18 проценти од БДП се губат секоја година поради родовиот јаз на пазарот на труд. Иако се забележува напредок во однос на инклузивноста во економските можности во земјите од регионот, продолжува работата во оваа насока. На денешната средба земјите од Западен Балкан ќе ја потпишат заедничката заложба која потврдува дека економскиот развој ќе вклучува и цврста определба за родова еднаквост во пристапот до економски можности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП