2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд живот во социјален стан до најбогат човек на Велика Британија

Од живот во социјален стан до најбогат човек на Велика Британија

Бизнисмен кој некогаш живеел во социјален стан во близина на Манчестер, сега е најбогатиот човек во Велика Британија, според листата објавена во “Сандеј Тајмс”.

Џим Ратклиф, основач на хемиска компанија “Ineos”, ја предводи листата со богатство кое се проценува на 21.05 милијарди фунти, пренесува “BBC”.

На врвот на листата на илјада најбогати Британци се и двајца директори на компании, додека на листата паднаа готвачот Џејми Оливер и модниот магнат Филип Грин.

Ратклиф (65) се преселил уште како момче од Фалсвил во социјален стан во близина на Манчестер во Источен Јоркшир. Неговиот татко, кој бил столар, водел фабрика која произведувала лабораториски мебел, а неговата мајка работела во сметководство.

Богатството на Ратклиф минатата година достигна 15 милијарди фунти, делумно поради ревалоризацијата на средствата.

Тој е првиот човек на врвот на најбогатите, кој е роден во Велика Британија по војводата од Вестминстер во 2003 година.

Учествувал во експедиции на Северниот и Јужниот пол, трчал по маратоните и навива за Манчестер Јунајтед.

На второто место се браќата Хинду, Шри и Гопи, “тешки” 20,64 милијарди фунти. Нивното богатство скокна за 4,44 милијарди од 2017 година.

Поранешниот британско-американски индустријалец, а сега медиумски магнат Лен Блаватник е на третото место со 15.26 милијарди фунти.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП