10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнуваат обуките за претприемаштво

Започнуваат обуките за претприемаштво

Од денеска почнуваат обуките за претприемаштво, кои се дел од програмата за самовработување како дел од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година. Обуки за претприемаштво денеска започнаа во шест центри за вработување, и тоа во Скопје, Тетово, Велес, Гостивар, Прилеп и во Кочани.

Селектираните кандидати ќе ги посетуваат обуките во групи во времетрање од четири дена. Обуките за претприемаштво ќе траат до 5.7.2018 година и ќе се спроведуваат во сите центри за вработување во Македонија. Со овие обуки ќе бидат опфатени 1.518 селектирани учесници.

Обуките ќе се одвиваат во работните клубови на центрите за вработување, а ќе се спроведуваат од страна на надворешни консултанти. Овие обуки за претприемаштво имаат цел да ја подобрат подготвеноста за работа на учесниците, да ги развијат индивидуалните капацитети за претприемаштво и да поттикнат и мотивираат почнување бизнис. По завршување на обуката, ќе се врши оценување на кандидатите кои пополниле и доставиле пополнет образец – опис на бизнис-идеја. Оценувањето се врши од страна на консултантите и координатори на програмата, вработени во Центарот за вработување, во согласност со претходно утврдените критериуми. Потоа работна група ќе подготви ранг- иста на селектирани бизнис-идеи и дополнителна резервна листа на кандидати. Најдоброрангираните кандидати ќе се вклучат во следниот чекор – поддршка за подготовка на бизнис-план – и со тоа ќе бидат чекор поблиску до остварување на својата посакувана идеја за сопствен бизнис.

Со оваа програма годинава е планирано да бидат вработени 1.176 лица во новоосновани правни субјекти. Финансиската поддршка што ја добиваат лицата за отворање сопствен бизнис е од 246.000 до 307.500 денари или до 615.000 денари доколку се основа субјект од два содружника.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП