24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPorsche го прекина производството поради поплавите

Porsche го прекина производството поради поплавите

poplavi1

Производството на луксузните модели на „Porsche“, „Cayenne“ и „Panamera“, денес беше прекинато поради полавите низ Европа кои го отежнаа снабдувањето на делови.

Германската компанија утринава ги информираше вработените од првата смена да не доаѓаат на работа, бидејќи поплавите во Чешка ја попречија испораката на делови за моделот „Cayenne“, пренесува агенцијата Блумберг.

„Постои проблем со испораката на делови кои се произведуваат во фабриката на „Volkswagen“ во Братислава, а потоа со воз се транспортираат низ Чешка и Лајпциг“, изјави портпаролот на „Porsche“.

Застојот, исто така ќе влијае и на завршната монтажа на делови на моделот „Panamera“, иако не постои проблем во снабдувањето на компонентите, бидејќи каросеријата за овој модел се произведува во Хановер во северниот дел на Германија.

Портпаролот на германската компанија, исто така, истакна дека флексибилниот систем на производство на „Porsche“ и овозможува на компанија, кога ситуацијата ќе се врати во нормала, низ дополнителни смени да го надокнади загубеното.

Според официјалните податоци, фабриката во Лајпциг произведува 450 автомобили дневно во три смени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП