19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се олесни протокот на стока на граничните премини Богородица и Табановце

Ќе се олесни протокот на стока на граничните премини Богородица и Табановце

Директорите на Царинската управа и на Бирото за јавна безбедност, Ѓоко Танасоски и Лазо Велковски, во присуство на министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, потпишаа нов протокол за уредување на постапките за побрз проток на жива стока, стока во жива состојба, опасни материи, стока во новиот компјутерски транзитен систем и на празни камиони на граничните премини Табановце и Богородица.

Овој протокол, како што истакна Николовски, е од исклучително значење за извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи.

„Новиот протокол што денеска го потпишаа Царинската управа и Бирото за јавна безбедност е особено важен за извозниците од секторот земјоделство бидејќи се овозможува 24-часовен слободен коридор за приоритетно движење жива стока и стока во свежа состојба за што порано имаше ограничено време. На овој начин значително се олеснува и забрзува протокот на стоки, што е важно македонските земјоделско-прехранбени производи навреме да стигнат на странските пазари“, потенцира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Новиот протокол во исто време ќе придонесе и да се избегнат подолги задржувања на граничните премини и да се обезбеди брз и безбеден проток на жива стока на овие два гранични премина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП