3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаостанатиот долг за вода ќе може да се плати на рати до...

Заостанатиот долг за вода ќе може да се плати на рати до 29-ти мај

Акцијата која што започна на 2-ри април и требаше да трае до 15-ти мај за плаќање на заостанат долг на рати и без камати, поради голем интерес од страна на граѓаните се продолжува до 29-ти мај.

Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање. Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП