19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордни 64 милиони Американци живеат во домаќинства со неколку генерации

Рекордни 64 милиони Американци живеат во домаќинства со неколку генерации

Над 64 милиони Американци, или 20% од американското население, живеат во домаќинства со претставници на неколку генерации, соопштува Здружението на хипотекарни банкари, повикувајќи се на извештај на истражувачкиот центар „Pew“.

Анализата на „Pew“, во која се користат податоците на Бирото за попис на населението на САД покажува дека како бројот, така и уделот на Американците кои живеат во домаќинства со претставници на неколку генерации, продолжува да расте и покрај подобрувањето на американската економија по рецесијата од 2007-ма година , пишува онлајн изданието „World Property Journal“.

Според извештајот семејствата со претставници на неколку генерации се зголемуваат во речиси сите расни групи во САД, меѓу латиноамериканците, во повеќето возрасни групи и кај претставниците на двата пола. Овој тип на домаќинство вклучува претставници од две или повеќе генерации или баби и дедовци и внуци под 25-годишна возраст. Процентот на Американци кои живеат во такви домаќинства се намали од 21% во 1950-та година на 12% во 1980-та година.

Но, оттогаш почнува да се зголемува. Бројот и процентот на Американците кои живеат во слични домаќинства расте нагло за време на и веднаш по рецесијата од 2007-2009 година. Потоа порастот благо се забавува, но останува многу побрз во споредба со растот пред рецесијата.

Во 2009-та година, 51,5 милиони американци (17% од населението) живееле во домаќинства со претставници на неколку генерации, покажуваат податоците на Бирото за попис. Во 2014-та година 60,6 милиони Американци, или 19% од американското население, биле дел од домаќинства со претставници на неколку генерации, покажува последната голема анализа на „Pew“.

„Зголемената расна и етничка разновидност на американското население го објаснува подемот на луѓето што живеат со претставници од неколку генерации. Азиското и латиноамериканското население во целина расте побрзо од белото население и овие групи е поверојатно од белите да живеат во домаќинства со неколку генерации.

Друг фактор за растот е што Американците родени во странство се со поголема веројатност да живеат во семејство од неколку генерации Американци родени во САД. Азијците и латиноамериканците се со поголема веројатност да бидат емигранти, отколку белците“, пишува во извештајот.

29% од азијатите, живеат во САД, биле дел од домаќинства со претставници на неколку генерации во 2016-та година. Меѓу латиноамериканците и црнците процентот достигнува односно 27% и 26%. Само 16% од белите луѓе живеат во неколку генерации, според извештајот.

За време на рецесијата, домаќинствата во САД се намалија, објави Здружението на хипотекарни банкари. Но, почнувајќи од 2014-та година, домаќинствата и процентот на Американци кои ги поседуваат своите домови се зголемува. Здружението очекува САД да создадат речиси 16 милиони нови домаќинства до 2024-та година.

Студијата на „Pew“ покажа дека во последниве години младите луѓе се возрасната група која најверојатно ќе живеат во неколку генерациски домаќинства. Во претходните години, ова беа луѓе во возрасната група од 85 и погоре. Но и кај останатите возрасни групи барем една петтина од претставниците живеат под еден покрив со неколку генерации, вклучувајќи ги Американците меѓу 55 и 64 години (24% во 2016-та година) и 65 години и нагоре (21%).

Зголемувањето на учеството на возрасните Американци кои живеат во домаќинства со претставници од неколку генерации, е една од причините помалку луѓе сега да живеат сами во споредба со 1990-та година.

Жените се поверојатно од мажите да живеат под еден покрив со претставници од неколку генерации (21% наспроти 19% во 2016-та година). Вообичаеното домаќинство со неколку генерации во кое живееле 32,2 милиони Американци во 2016-та година, се состои од две возрасни генерации како родители и нивните големи деца (25 години и нагоре). Уште 3,2 милиони Американци живееле во домаќинства составени од баби и дедовци и внуци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП