10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Десетте најбогати земји во светот

График на денот: Десетте најбогати земји во светот

Минатата година приватното богатство во светот достигна вкупно 215 илјади милијарди долари што е зголемување за 12 отсто во однос на претходната година, според „New World Wealth“.

73,5% од ова богатство беше концентрирано во само десет земји. САД се рангираше на првото место со 62,6 илјади милијарди долари (до 20% во 2007-2017). Втората позиција е за Кина со 24,8 илјади милијарди долари, каде што во изминатите десет години приватното богатство во земјата порасна за 198%. Третта е Јапонија со 19,5 илјади милијарди долари или зголемување од 22% во текот на десетгодишниот период.

Во првите десет се наоѓаат Велика Британија со 9,9 илјади милијарди долари (2,2% пад), Германија со 9,7 илјади милијарди долари (без промена), Индија со 8,2 илјади милијарди долари (160% раст), Франција со 6,6 илјади милијарди долари (11% пад), Канада 6,4 илјади милијарди долари (раст од 25%), Австралија со 6,1 илјади милијарди долари (раст од 83%) и Италија со 4,3 илјади милијарди долари (пад од 19%), објави „Visual Capitalist“.

Кина и Индија го зголемија своето богатство во последните десет години. Во исто време, развиените економии како САД и Јапонија постигнаа скромен раст, а некои како Италија и Франција изгубија мал дел од тоа помеѓу 2007-ма и 2017-та година.

Падот во Велика Британија се објаснува главно со поевтинувањето на британската фунта, а во последните десет години курсот во однос на доларот се намали од 2 долари за една фунта до 1,35 долари за една фунта.

Како ќе се промени глобалното богатство во иднина?

Според „New World Wealth“, истите десет земји ќе доминираат во текот на следната деценија, но нивниот редослед ќе се промени значително.

Топ 3 на најбогатите држави во светот се очекува да останат непроменети, но според прогнозите Индија ќе го зголеми своето богатство со 200%, што ќе ја искачи до четвртото место со приватно богатство од 24,7 илјади милијарди долари. Франција и Австралија, исто така, значително ќе ја променат нивната сегашна позиција, но се очекува да се движат во различни насоки.

Франција ќе продолжи да паѓа во рангирањето и ќе заземе деветтото место со раст од 10% во наредните десет години, а Австралија ќе го зголеми своето богатство со импресивни 70% за развиена економија. Според предвидувањата, до 2027-та година, таа ќе се рангира на седмо место според приватното богатство во светот со вкупно 10,4 илјади милијарди долари. Со ова, Австралија ќе стане ривал на Велика Британија и Германија, кои ќе бидат поблизу до границата од 11 илјади милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП