26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFlipkart може да биде јавна компанија по четири години?

Flipkart може да биде јавна компанија по четири години?

„Walmart“ може да започне постапка за јавна понуда на новокупената индиска компанија „Flipkart“ најрано за четири години, објави компанијата, давајќи за прв пат детали за берзанската иднина на најголемото купување, соопшти „Ројтерс“.

Малцински инвеститори, кои поседуваат 60% од акциите на „Flipkart“, можат да побараат „Flipkart“ да изврши примарна јавна понуда (IPO) за четири години по склучувањето на договорот „Walmart-Flipkart“.

Вредноста на ИПО-то не смее да биде помало од износот што „Walmart“ го инвестира во индиската компанија за е-трговија.

„Walmart“ објави на почетокот на минатата недела дека ќе плати 16 милијарди долари за околу 77 отсто од акциите во „Flipkart“, најголемиот договор за тргување што некогаш го направи американскиот трговец. Инвестицијата подразбира оценка од околу 21 милијарда долари за „Flipkart“.

Меѓу малцинските акционери во компанијата се „Binny Bansal“, кинеската компанија „Tencent Holdings“, американскиот хеџ фонд „Tiger Global Management“ и „Microsoft Corp.“.

Договорот се очекува да биде одобрен од страна на регуларторите во Индија, а според прогнозите се очекува да биде финализиран до крајот на годината.

Како дел од договорот, „Walmart“ првично ќе назначи пет директори во одборот на „Flipkart“, а двајца од нив ќе бидат избрани од малцинските акционери, додека „Bansal“ ќе зазема едно место во одборот на директори.

„Flipkart“ има 100 милиони корисници според веб-страницата на компанијата. Индија, чие население е над 1,3 милијарди луѓе, ужива брз раст во својата дигитална економија со развојот на стартапи за е-трговијата, како „Snapdeal“ и „Paytm“.

За „Walmart“, сегашниот договор го означува последниот потег на компанијата за проширување на своето меѓународно присуство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП