“Можни се санкции против европските компании кои прават бизнис со Иран по повлекувањето на САД од нуклеарниот договор”, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон.
“Можно е. Тоа зависи од однесувањето на другите влади”, изјави Болтон за CNN.
Повлекувањето од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, американскиот претседател Доналд Трамп ги вознемири европските сојузници кои веруваат дека иако договорот не е идеален за сега обезбедува Иран да не дојде до атомска бомба и сакаат да продолжат да работат со нивните компании во земјата.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео, изјави дека се надева дека САД и Европа можат да се договорат за тоа како да се однесуваат према Иран, откако претседателот Доналд Трамп се закани со санкции кон европските компании кои ќе продолжат да работат со Иран.
Говорејќи на Фокс Њус, Помпео изјави дека САД не целеле на Европа кога се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор минатата недела.
“Се надевам дека во наредните денови и недели може да дојдеме до договор кој вистински ќе функционира, што навистина ќе го штити светот од лошото однесување на Иран, не само поради нивната нуклеарна програма, но исто така и нивните проектили, како и нивното малициозни однесување”, вели тој.