10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПазарот на криптовалути ги зголеми резултатите на Nvidia

Пазарот на криптовалути ги зголеми резултатите на Nvidia

Производителот на хардвер „Nvidia“ забележа приход од продажби за кварталот кои ги надминаа очекувањата, иако поголемиот од очекуваниот дел од побарувачката на нејзините моќни процесори дошла од нестабилниот пазар на криптовалути, пишува „Bloomberg“.

Иако производителот на чипови генерираше 289 милиони долари од „копачите“ на криптовалути во првиот квартал, овие приходи можат да се намалат за две третини во тековниот период, коментира компанијата.

Ова е прв пат компанијата да продава за пазарот на криптовалути. Цената на акциите на „Nividia“ се намали за 3,8% за време на резервните пазари.

Основачот и извршен директор на „Nvidia“, Јенсен Хуан тврди дека продажбата на графички чипови на гејмери ​​(најголемиот пазар на компанијата), останува силна. Приходите за фискалното второ тримесечје ќе достигнат 3,1 милијарди долари, објави компанијата со седиште во Санта Клара, Калифорнија. Ова ќе ја надмине просечната прогноза на аналитичарите за 2,95 милијарди долари според податоците собрани од „Bloomberg“.

Според зборовите на Хуан „копачите“ на криптовалути купиле доста хардвер во кварталот и тоа ги зголемило цените. „Мислам дека многу гејмери немаа можност да си го купат новиот „GeForce“, како резултат од тоа“, вели тој.

Од почетокот на годината акциите на „Nvidia“ ја зголемија својата вредност за 34%, што ги прави најдобри перформанси според реперот „Philadelphia Stock Exchange Semiconductor Index“. Пазарната капитализација на компанијата скокна до 158 милијарди долари од 30 милијарди. долари пред седум квартали.

Резултатите за првиот квартал се покажаа како многу добри. Нето добивката скокна до 1,24 милијарди долари, или 1,98 долари по акција, во рамките на периодот од 507 милиони долари, или 79 центи по акција, една година порано, објави компанијата. Приходите од продажба се зголемени за 66 отсто на 3,21 милијарда долари. Просечната прогноза на аналитичарите беше за 1,46 долари по акција при добивка од 2,9 милијарди долари.

Приходите од центрите за податоци се зголемиле за 71% до 701 милиони долари, надминувајќи ги прогнозите за 653 милиони долари. Приходите од игри, кои претставуваат повеќе од половина од вкупниот приход на компанијата, се зголемиле за 68% до 1,72 милијарди долари, надминувајќи ја прогнозата на „Wall Street“ за 1,55 милијарди долари.

„Nvidia“ има заработено и подобро од очекуваната продажба на пазарот на персонални компјутери во првиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП