22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарањата во САД за невработеноста остануваат непроменети

Барањата во САД за невработеноста остануваат непроменети

Бројот на Американците, кои пополниле молби за помош при невработеност, се стабилизира во близина на 49-годишното дно постигнато во текот на неделата до 21-ви април, што е уште знак за континуираното силно претставување на пазарот на труд во водечката светска економија.

Барањата за социјална помош при невработеност за оваа недела до 5-ти мај останаа на нивото од претходната недела од 211.000 при очекувања на финансиските пазари за слабо зголемување до 215.000, покажува истражувањето на Министерството за труд. Така молбите за помош при невработеност ќе се задржат втора недела непосредно над 49-годишното дно од 209.000 постигнато во текот на неделата до 21-ви април (најниското ниво од првата декемвриски недела во 1969-та година), пренесува „Ројтерс“.

Барањата за помош остануваат под најважното ниво од 300.000 веќе речиси три години (за 166-та последователна недела), а тоа е долготраен период на толку ниски барања за социјална помош од 70-тите години на минатиот век, кога сепак населението и Американските работници беа далеку помали по големина. Како процент од вкупната работна сила, побарувањата за бенефиции за невработеност остануваат на едно од најниските нивоа од 1960-тите.

Истовремено, четврт просечните барања се намалија за 5.000 до 216.000 за неделата до 5-ти мај, достигнувајќи ниско ниво од крајот на декември 1969-та година.

Податоците се нов доказ за растечкиот американски пазар на труд, откако минатиот петок Заводот за труд забележа намалување на нивото на невработеност во САД во април до повеќегодишно дно од 3,9% (најниско ниво од декември 2000-та година).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП