19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдинствени приниципи за кумулација на потекло

Единствени приниципи за кумулација на потекло

106710209

Обезбедување единствени услови за кумулација на потекло со цел осободување од плаќање увозни давачки е целта на нацрт договорот што денеска треба да произлезе од состанокот на ЦЕФТА поткомитет за царина и правила за потекло што се одржува во Скопје.

Директорот на Царинската управа на Република Македонија Ванчо Каргов рече дека ќе се утврди начинот на кој земјите од ЦЕФТА ќе пристапат кон Конвензијата на паневропската медитеранска кумулација на потеклото. – Тоа значи дека по усвојување на билатерална основа на единствени принципи да работиме со земјите членки на ЕФТА, ЦЕФТА, другите држави кои имаат каква било кумулација на потекло со сите овие земји, ЕУ и медитералнските земји, изјави Каргов.

Конвенцијата, како што додаде, треба да овозможи поедноставна и проширена кумулација на потеклото и бесцарински извоз на овие држави за што веќе се е подготвено и во соработка и со Секретаријатот на ЦЕФТА.

Тој најави дека ќе се одржат и регионални работилници за да се претстави Конвенцијата на бизнис заедницата.

Што се однесува до поминувањето на граничните премини и другите формалности, истакна дека тие не се предмет на оваа Конвенција, но потенцира дека постои посебен Комитет кој интензивно работи на елиминирање на нетарифните бариери. Идентификувани се на билатерална основа, активности веќе има, и  се работи на нивно елиминирање, рече Каргов, кој претседава со Поткомитетот за царина и правила на потекло на ЦЕФТА 2013.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП